Амбиент за социјално претприемништво 24.12.2018

ТТЗ-ТК одржа работилница на тема “Амбиент за социјално претприемништво, управување со отпад и пристап до средствата од фондот за иновации и технолошки развој”
Во склоп на проектот "Развој на нови креативни производи со користење на текстилниот отпад, преку вградување на димензија на социјално претприемништво и подобрување на имиџот на текстилната индустрија" - кој ТТЗ-ТК го реализира со поддршка на Министерството за економија согласно програмата за поддршка и развој на кластерското здружување за 2018 година, на 24.12.2018 во Скопје беше одржана работлиница на тема “ Амбиент за социјално претприемништво, управување со отпад и пристап до средствата од фондот за иновации и технолошки развој”.
Проектот "Развој на нови креативни производи со користење на текстилниот отпад, преку вградување на димензија на социјално претприемништво и подобрување на имиџот на текстилната индустрија" има за цел зголемување на конкурентноста на текстилниот сектор преку вметнување на димензија на социјално претприемништво, со користење на текстилниот отпад и зголемување на привлечноста на текстилниот сектор за млади невработени лица. Социјалното претприемништво подразбира користењето иновативни практики во производството и во продажбата на производи и/или услуги на локалниот пазар за генерирање приход што ќе се искористи за остварување социјална/општествена мисија на една територија.
На одржаната работлиница во склоп на овој проект беа презентирани резултатите од спроведено истражување (анкета) меѓу членките на ТТЗ-ТК, која опфаќаше прашања за социјалното претприемништво, прашања поврзани со отпадот кој го создаваат текстилните компании и неговото менаџирање, како и предлози за подобрување на имиџот на текстилната индустрија во Македонија.
Исто така подетално беше објаснет концептот на Социјално претриемништво и неговата правна рамка, со цел промовирање на социјалното претприемништвото во текстилниот сектор, поттикнување за искористувањето на отпадот во текстилните компании за изработка на иновативни текстилни производи, промена на перцепцијата за текстилната индустрија, т.е. подобрување на нејзиниот имиџ во општеството преку вметнување на димензија на социјално претприемништво и сл.
На работлиницата беа презентирани и тековните можности за аплицирање на грантови поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој, со цел полесен пристап до средствата од фондот за развој на иновативни производи и поголемо искористување на средства од ФИТР наменети за текстилните компании.