image image image image image
ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА БЕНЕФИТ ЗА СИТЕ Read the Full Story
Информации за текстилниот сектор Текстилната индустрија во Македонија е сектор со долга традиција и искуство. Околу 600 фирми со околу 40.000 работници,  Read the Full Story
За TTЗ-TK Текстилната Трговска Асоцијација - Кластер за текстил“ е непрофитна организација која ги застапува македонските фирми вклучени на било каков начин во текстилната индустрија.  Read the Full Story
Проекти на Текстилниот кластер Текстилнaта Трговска Асоцијација - Текстилен кластер е вклучена во неколку меѓугранични и европски проекти, што овозможува нејзина размена на искуства со асоцијации од регионот и од Европа.  Read the Full Story
Контакт Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер Tел: 02/3 244 093 Ул. Димитрие Чуповски бр. 13, кат 2, канцеларија 17, 1000 Скопје, Македонија Read the Full Story

Информации за текстилниот сектор

Текстилната индустрија во Македонија е сектор со долга традиција и искуство. Околу 600 фирми со околу 40.000 работници, 

 

односно 27% од вкупниот број на вработени во македонската индустрија,  се занимаваат со оваа индустриска гранка.

Текстилната индустрија учествува со 12,45% во вкупниот бруто домашениот производ (БДП) и со 27% од македонскиот извоз. Текстилната индустрија просторно ја покрива целата територија на Република Македонија со значителена концентрација во источниот дел од замјава.

Текстилното производство во Македонија е целосно приспособено кон пазарните услови поставени од страна на западноевропските земји. Ова значи дека таа ги исполнува строгите стандарди за квалитет, рокови на испорака, како и комплетната логистика која се бара од страна на странските партнери.

Повеќето од фирмите во текстилната индустрија во Македонија се организирани како мали и средни претпријатија со вкупен број на вработени од 30-500. Овој факт е позитивен, бидејќи овозможува огромна флексибилност на компаниите во однос на менување на палетата на производи, производство на мали серии и краток период на испорака на финалниот производ. Ова претставува клучен фактор за успешна соработка со странските партнери и за опстанок на оваа гранка која е под постојан притисок на конкуренцијата и пазарните законитости. Македонското текстилно производство е главно ориентирано кон извоз, претежно на ЕУ пазарот.

Social Networks

Contact info

Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер

Димитрие Чуповски 13, кат 2, канцеларија 17, 1000 Скопје
Email: 
info@tta.org.mkttatextilecluster@gmail.com; nsivevska@tta.org.mk
Тел: + 389 23 244 093       

 

Copywrights

* tta.org.mk 
Трговско Текстилно Здружениe - Текстилен Кластер