На 14 и 15 ноември 2014 година во компанијата Босут Куманово, во организација на Текстилното Трговско Здружение - Текстилен Кластер и Weis Консалтинг од Ашафенбург, Германија, ќе се одржи обука на тема "Тренинг за работа и методи". Овој семинар претставува обука за менаџери кои работата во производство, односно за раководители на производна линија и раководители на група - бригадири; обучувачи за работа, технолози, контролори на квалитет, итн. Обуката ги опфаќа темите: рационални техники за шиење, оптимално структурирање на работните места, рационални методи на работа, обука на шивачките за квалитетно работење. Програмата на семинарот е прилагодена на најновите побарувања и резултатите од оперативната пракса. По овој курс учесниците се во можност самостојно да развиваат нови техники на шиење, методи на работа и структурирање на работното место, да им укажуваат на вработените и да спроведуваат мерки за подобрување на ефективноста и квалитетот. Сите предавања ќе се одвиваат и ќе се вежбаат практично на машините за шиење.

Во продолжение покана и агенда за обуката.

Покана Работилница - Тренинг за работа и методи - 14 и 15 ноември 2014 Куманово

 

 

 


Планирани семинари за 2015 година:

  • Обука на средно ниво на менаџмент во производството - 31 јануари 2015, Делчево
  • Планирање на производство и контрола - 07 февруари 2015, Куманово
  • Конструкција на кроеви за женска конфекција (напредно ниво) за индустријата и дизајнерите - Скопје, 25-28 март 2015
  • Оптимално кроење - 25 април 2015 Куманово
  • Оптимални техники на пеглање - 18 септември 2015, Штип
  • Тренинг за работа и методи - 16 октомври 2015, Скопје
  • Студии за снимање на работното време според REFA системот - 05/06/07 ноември 2015, Скопје
  • Обезбедување на квалитет во индустријата за облека - 27 и 28 ноември 2015, Виница
  • Дизајн на работното место - 12 декември 2015, Виница

 


 

Текстилното Трговско Здружение - Текстилен Кластер на Македонија, во соработка со компанијата Weis Консалтинг од Ашафенбург, Германија на 22 октомври 2014 година во компанијата ИНТ Трејд Кочани, ќе одржат обука на тема "Социјални и корпоративни стандарди и стандарди на МОТ". Како резултат на зголеменото барање на европските партнери за сертифицирање на производните капацитети работилницата има за цел поблиску да ги запознае учесниците со социјалните барања, заштитата и сигурноста на вработените како и делот на етичките стандарди. Воведувањето на овие стандарди поткрепено со соодветен сертификат ќе претставува доказ за клиентите на текстините компании дека можат да одговорат на нивните барања за квалитет, сигурно и безбедно производство и останати социјални барања, а со тоа да се стекнат и со конкурентна предност на различни пазари на коишто ги пласираат своите производи. За подобро запознавање со процесот на сертифицирање, покрај презентацијата на темите од страна на домашни предавачи, своја презентација на семинарот ќе имаат и експерти од Бугарија претставници на сертификационата куќа Интертек, Англија.

Во продолжение целосната покана и агенда за работилницата.

Покана_Работилница - Социјални и корпоративни стандарди и стандарди на МОТ - 22 октомври 2014, Кочани

 


 

Технолошко-Металуршкиот факултет во Скопје организира СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ДЛАБИНСКИ ТЕХНОЛОШКИ ОБУКИ ЗА ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА:

Обука: Студија на времето во конфекциско производство
Tермин: 29-31 Октомври 2014 (3 дена)
Цена: 9000,00 денари

Обука: Моделирање кроеви за женска облека (напредно ниво)
Tермин: 15-18 Октомври 2014 (4 дена)
Цена: 12000,00 денари

Учесниците покриваат 40% од вкупната цена на обуката, а останатите 60% ги конфинансира Министерство за екомонија на Република Македонија.

Пријавувањето e на веб страната на Технолошко-металуршкиот факултет на следниов линк:http://www.tmf.ukim.edu.mk/obuki/Index.html

Краен рок за пријавување е 5 дена пред почетокот на обуката.


Повеќе детали може да погледнете во поканата во прилог.

 

Pokana_Specijalizirani dlabinski tehnoloski obuki za tekstilnata industrija

 


 

Social Networks

Contact info

Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер

Димитрие Чуповски 13, кат 2, канцеларија 17, 1000 Скопје
Email: 
info@tta.org.mkttatextilecluster@gmail.com; nsivevska@tta.org.mk
Тел: + 389 23 244 093       

 

Copywrights

* tta.org.mk 
Трговско Текстилно Здружениe - Текстилен Кластер