ПРОЕКТ 1: "Подготовка на компаниите од текстилниот секотор за учество на саеми и Б2Б настани"

Информации за проектот: Активностите на проектот се насочени кон подготовка на компаниите за самостојно учество на саеми и Б2Б настани. Праксата покажа дека на компаниите им е потребан претходна подготовка и насоки како да се подготват и како успешно да се презентираат при нивно учество на саеми и Б2Б настани за да нивната инвестиција биде исплатлива. Воедно потребни се подготовки и инструкции за компаниите во однос на изборот на саеми на кои би се презентирале и подготовки и инструкции кои се условите за учество на одредени саеми, посебно кај саемите кај кои има предходна селекција за учество и каде е потребно пополнување на прашалници и достава на узорци за одобрување на учество. Исто така потребна е подготовка на компаниите во однос на пополнувањето на апликацијата за штанд, изборот на штанд, изборот на опрема за штандот и останати организациони и промотивни активности како на пример израборка на промотивни материјали и визуелизација. Во делот на правилен избор и континуитет во учеството на саеми потребна е подготовка за стратешко планирање и позиционирање и обезбедување на извор на финансии за континуирано учество на саеми и Б2Б настани.  За таа цел главна активност во проектот ќе биде организирање на обука за компаниите за учество на саеми и Б2Б настани, нивно стратешко планирање на промотивните активности и нивно правилно прозиционирање на странските пазари. Во насока на одржливост на проектот ќе се изработи и он лине прирачник кој ќе биде поставен на веб страната на ТТЗ-ТК за да може да биде користен не само до членките на ТТЗ-ТК туку и од сите останати компании кои имаат интерес  да учествуваат на саеми или Б2Б настани. 

Главна цел на Проектот:  Интернационализација и промоција на македонскиот текстилен сектор, привлекување нови купувачи и зголемување на извозот; Зголемување на извозни активности на компаниите од текстилниот сектор.

Учесници: Текстилно Трговско Здружение-Текстилен кластер и тројца експерти во нивните области

Корист за учесниците на Проектот: Зголемена видливост и препознатливост на македонскиот текстилен сектор, зглемен број на купувачи од нови пазари, зголемени налози, отварање нови работни места, зголемен извоз. 


ПРОЕКТ 2: "Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ"

Информации за проектот: Проектот е со цел да има директно влијание кон подобрување на имиџот на текстилниот сектор во прекуграничниот регион и зголемување на конкурентноста на домашните производители што ќе создаде предуслови за одржлив развој во прекуграничниот регион. Преку развојот на регионот како област која има квалитетно развиен текстилен сектор, проектот има за цел да влијае на сликата на индустријата, да се позиционира како многу високо рангирана и општествено одговорна индустрија. Проектот ќе влијае на локалните заедници во врска со перцепцијата за индустријата и подобрување на сликата за индустријта преку зголемување на свеста за користењето на регионални брендови и производи.

 Главна цел на Проектот: Преку активностите на проектот ќе се интензивира прекуграничната соработка помеѓу бизнис секторот, локалните владини институции и заедницата, ќе ги собере на заедничко место  да дискутираат за заеднички  прашања во врска со индустријата за текстил и облека и да ги дефинираат предизвиците кои треба да се надминат со цел да се зголеми конкурентноста на секторот во прекуграничниот регион. Со развивањето на стратегија за позиционирање и формирање на сет на промотивни активности, проектот ќе се обиде да го искористи регионалниот потенцијал да ја промовира и да ја изгради конкурентноста на секторот за текстил и облека кај локалното население, меѓународни партнери и заинтересираните страни.

 Учесници: Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер Штип и Сдружение Браншова организациа за текстил и облекло (БОТО) Ќустендил 

Корист за учесниците на Проектот: Проектот ќе се обиде да изгради силни партнерства и да развие висок квалитет во синџирот на снабдување врз основа на доверба и заедничко разбирање. Ова дополнително ќе ја зајакне соработката меѓу индустриите на засегнатите страни во пограничниот регион и ќе обезбеди солидна основа за заеднички активности. Компаниите ќе биде позиционирани како главни столбови на економијата во регионот и ќе влијаат на населението и на свеста за нивниот придонес кон подобрување на индустријата како и за влијанието на индустријата врз квалитетот на живот. Дополнителна придобивка на проектот ќе биде и придонес кон економскиот развој, преку зголемување на конкурентноста на компаниите на меѓународните пазари. 


ПРОЕКТ 3: "Запознавање со можноста за воведување дуален систем на образование – размена на регионални искуства"

Информации за проектот: Недостатокот од квалификувана работна сила во македонската економија од година во година е сѐ поизразен. Оваа појава станува се` поалармантна и затоа итно се неопходни ефективни мерки со кои ќе се надмине овој проблем кој прераснува во реалeн предизвик за оперативното работење на производните компании од текстилниот сектор. За таа цел потребни се реформи во образованието и наставните програми кои ќе ги следат потребите на индустријата. Едно од можните решенија е воведување на дуален систем на средно стручно образование или т.н. „учење преку работа“, преку системска поддршка и субвенции за учениците кои би се определиле за таков вид на образование.  

 Главна цел на Проектот: Да се подигне свесноста кај работодавачите и наставниците за предностите на дуалниот систем на образование или образование низ пракса. Во склоп на проектот иницирани се средби и направени се посети на текстилни копмпании и средни текстилни училишта во Штип и Виница со цел да се направи иновативен пристап кој ќе овозможи позајакната соработка помеѓу средните текстилни училишта и производните претпријатија членки на Текстилниот кластер, со цел развој на наставни активности и методи во насока на организирање конкурентно производство,  како и позитивна промоција на секторот како креативна гранка која треба да привлече и создаде нови високо стручни кадри кои се потребни на индустријата. Формирана е работна група составена од неколку компании, професори од ТМФ и професори од средни текстилни училишта, која понатаму ќе работи заедно со Министерството за економија и Министерството за образование на дефинирање на активности во насока на воведување на дуално образование. Одржана Округла маса на ТМФ, на која учествуваа текстилни компании и професорите од факултетот и на која се утврдија сотојбите и разгледаа можностите и спремноста на компаниите да ги примат учениците на редовни неделни обуки во нивните капацитети. Заедно со консултанти од Германија, беа посетени неколку текстилни компании во Куманово и Виница, а се реализираше и средба со директорот и професорите од текстилната насока при средното стручно училиште Ванчо Прке од Виница. Целта на овие средби беше компаниите и останатите целни групи да се здобијат со повеќе информации за системот на дуално образование во Германија. Изработена електронска брошура која ги прикажува принципите на дуалното образовнаие односно неговите предности како и начинот на реализација на истото. 

Учесници: Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер Штип

Корист за учесниците на Проектот: Реализацијата на проектот придонесе кон подигање на свесноста на компаниите и образовните институции  од потребата заеднички да се организираат во насока на побрз старт и имплементација на дуалниот систем на образование во соработка со Министерството за образование и наука и Министерството за економија. Понатаму идентификувана е потребата од решавање на проблемот на недостаток на стручна работна сила преку дуалното образование и потребата од изготвување на конкретен план на активности кој ќе биде усвоен од Државата што ќе овозможи побргу да се отпочне со процесот на образование во пракса. Дополнителното искуство од конференцијата во Солун и средбата со кластерите како и соработката со консултантот од Германија како и електронската брошура ќе резултира со изготвување на документ кој ќе се сподели со сите текстилни компании и образовни и владини институции со што се очекува нивен активен придонес во реализацијата на дуалниот систем на образование.

Секако на подолг рок со воведување на дуалниот систем на образование се очекуваат придобивки и за компаниите и за учениците односно младите луѓе. Имено придобивки кои ќе ги имаат компаниите се следниве: обезбедување на потребниот стручен труд, намалување на трошоците за обука, зголемување на мотивацијата и лојалноста на работниците кон компаниите, обезбедување специфични квалификации за работното место и подобрување на продуктивните перформанси на работниците. Од друга страна, младите луѓе ќе стекнат  добри перспективи на пазарот на труд, ќе добијат практично оспособување и призната диплома, а за својот труд ќе примат и паричен надоместок  а воедно и сигурна можност за вработување. Сето ова ќе влијае на зголемување на бројот на нови вработувања во текстилните компании кај кои има постојана потреба од нов квалитетен и стручен кадар.


ПРОЕКТ 4: "Јакнење на капацитетите на текстилната индустрија во пограничниот регион преку учење на добри практики и имплементација на промотивни активности"

Информации за проектот: Подобрување на имиџот и поддршка на конкурентноста на индустријата за текстил и облека, со цел зголемување на економскиот потенцијал преку преземање на мерки за јакнење на капацитетот, споделување на најдобрите заеднички практики, спроведување на промотивни активности и институционално зајакнување на текстилната индустрија во прекуграничниот регион.

Главна цел на Проектот: 

  • Да ги оцени сегашните капацитети на индустријата за текстил и облека во пограничниот регион со цел да се развијат мерки кои ќе обезбедат реални решенија за надминување на проблемите на секторот 
  • Да се зајакне конкурентноста на индустријата и на капацитетите за управување на индустријата преку воспоставување на прилагодени програми за јакнење на капацитетите
  • Да се зајакне конкурентноста преку презентација на локалните производи / брендови на индустријата за текстил и облека и промовирање на текстилниот сектор и прекуграничната област како единствен регион 
  • Промовирање на текстилниот сектор како генератор за создавање на економска стабилност во пограничниот регион

Учесници: Текстилно Трговско Здружение-Текстилен кластер Штип и Сдружение Браншова организациа за текстил и облекло (БОТО) Ќустендил

Корист за учесниците на Проектот: Ќе овозможи размена на знаења и искуства помеѓу носителите на индустријата и подобрување на нивната соработка. Ќе влијае на населението во поглед на нивната перцепција за индустријата и подобрување на сликата за неа преку зголемување на свеста за употреба на регионални брендови и производи. Проектот ќе има влијание врз регулативите преку обезбедување на препораки за постојните проблеми до националните институции. Компаниите ќе биде позиционирани како главни столбови на економијата во регионот и ќе влијаат на свеста на населението за нивниот придонес кон подобрување на индустријата како и на тоа како индустријата влијае врз квалитетот на животот. Проектот уште повеќе ќе ја зајакне соработката помеѓу чинителите на индустријата во регионот и ќе обезбеди солидна основа за заеднички активности.


ПРОЕКТ 5: "Обучи се, добиј поддршка, вработи се"

Информации за проектот: Главната цел на проектот е интеграција на жените од етничките малцинства на пазарот на трудот, и преку спроведување на стручни обуки, индивидуални советувањата создавање на услови за нивно одржливо вработување. Активностите на проектот ќе имаат влијание на повеќе фактори кои имаат клучно значење за вклучување на жените од етничките малцинства за нивна одржлива интеграција во пазарот на трудот. Фокусот ќе биде на иницијативи кои ќе помогнат да се промени дискриминацијата, стереотипите во општеството кои се пречки за овие лица да се интегрираат во пазарот на трудот. Сето ова ќе помогне да се обезбедат конкретни мерки со кои ќе се промовира родовата рамноправност и еднаквите можности во областа на социјалната заштита, вработувањето и образованието.

Главна цел на Проектот:  Проектот „Обучи се, добиј поддршка, вработи се!“ има за цел да ги интегрира жените од малцинските заедници на пазарот на трудот. За постигнување на целите во рамките на проектот се предвидени активности кои вклучуваат организирање на тренинзи и обуки, креирање на индивидуални кариерни планови и консултации за жените припаднички на малцинските заедници како и организирање на инфо денови на кои заинтерсираните баратели на работа би можеле да се запознаат со локални работодавачи.

Учесници: Текстилно Трговско Здружение-Текстилен кластер, Фондација за развој на локалната заедница Штип, Стопанска комора – Родопи и Агенција за економски развој – Костинброд.

Корист за учесниците на Проектот: Спроведување на обуки прилагодени на специфичноста на малцинските етнички заедници; Проценка на индивидуалните вештини и ниво на знавање на таргет групата; Обуки за стручно оспособување на работно место; Јакнење на капацитетите на најмалку 60 жените од етничките малцинства; Индивидуално советување и креирање на "личен план за развој" итн.


ПРОЕКТ 6: "Конфекциско инженерство – предизвик за младата генерација"

Главна цел на проектот: 

Целта на проектот е преку иновативен пристап да се овозможи позајакната соработка помеѓу Технолошко Металуршкиот факултет – Институт за текстилно инженерство и производните претпријатија членки на кластерот за текстил, развој на наставни активности и методи во насока на организирање конкурентно производство и развој на брендиран/сопствен производ, како и позитивна промоција на секторот како креативна гранка која треба да привлече и создаде нови поинавативни и покреативни генерации.

Главни активности на проектот:

  • Организирање на форум на ТМФ – Институт за текстилно инженерство, со учество на професори, текстилни компании и студенти, кој ќе се состои во две сесии:

 - Испитување на потребата и спремноста на претпријатијата за придвижување во насока на зголемување на додадената вредност на конфекциската индустрија односно премин од лон кон целосен пакет на производство и сопствен бренд

- Можните области на поврзување и  начините на соработка на македонските текстилни компании со образованието и дејствување на образованието за поуспешна реализација на класичен извоз, односно целосен пакет на услуги и бренд производство

  • Изготвување на документ кој ќе се користи како база за понатамошните дејства за реализација на соработка и поврзување помеѓу индустријата и универзитетот во насока на зголемување на додадената вредност на конфекциската индустрија односно премин од лон кон целосен пакет на производство и сопствен бренд
  • Подигање на свеста кај младите за предностите и привлечноста на текстилната индустрија и индустријата за облека преку соодветни промотивни активности, која ќе биде поделена во три фази:

- Организирање на три работни средби во текстилни компании во Штип, Тетово и Прилеп, на кои текстилните компании ќе извршат кратка презентација за условите за работа во нивните компании пред учениците од IV година во средните училишта

- Изготвување на електронска верзија на мултимедијална публикација за текстилната гранка со содржини кои ќе дадат позитивна слика на текстилната индустрија и индустријата за облека со цел мотивација на младите да се определат за оваа професија

- Промотивен настан за презентација на мултимедијална публикација – со активности за подобрување на имиџот на текстилниот сектор

Учесници: Текстилно Трговско Здружение-Текстилен кластер Штип; Технолошко Металуршки факултет – Институт за текстилно инженерество Скопје и Министерство за екномија на РМ

Очекувани ефекти од проектот:  Зајакнувањето на соработката помеѓу индустријата и образованието, ревидирање на наставната програма која ќе кореспондира со конкретните потреби во конфекциската индустрија, продуцирање на квалитетен кадар кој ќе може полесно и побрзо да се вклопи во производниот процес и  зголемување на бројот на нови вработувања во текстилните компании. Промоцијата на гранката преку мултимедијалната презентација која ќе ги претстави позитивните страни на текстилната индустрија, ќе предизвика подигање на свеста кај младите за предноста и привлечноста на текстикната индустрија и индустријата за облека. Сетоа ова ќе има влијание на јакнењето на капацитетите на компаниите и зголемување на нивниот извоз и профитабилност, што позитивно ќе влијае на вкупната економија на државата имајќи ја во предвид големината на текстилната гранка.


ПРОЕКТ 7: "Регионален ОРФ проект на балкански текстилни асоцијации"

Информации за проектот: Регионалниот ОРФ проект вклучува шест текстилни асоцијации и кластери од Југоисточна Европа (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Македонија и Србија) како дел од една голема рамка за соработка. Проектот започна во септември 2011 година, а завршува во март 2013 година

Главна цел на Проектот:

  • Олеснување на контактите помеѓу компаниите за текстил и облека во нивните земји, со цел да се промовира трговијата и инвестициите
  • Заеднички да се развие, зајакне и промовира сликата за Југоисточна Европа како силен, модерен, ефикасен и високо квалитетен регион за производство на текстил и облека
  • Заеднички придонес за подобрување и развој на вештините на работниците и сопствениците во секторот за текстил и облека
  • Заедничко апликацирање на проекти за финансирање на потребните реформи и мерки за поддршка
  • Говорејќи со обединет глас виза ви, одделни влади, регионални институции и институциите на ЕУ, и користење на искуствата од другите земји во јавно-приватен дијалог и лобирање

Учесници: The Chamber of Façon of Albania (CFA)-Албанија, Udruženja tekstila, obuće i kože (U.T.O.K.)-Босна и Херцеговина, Bulgarian Association of Apparel and Textile Producers and Exporters (BAATPE)-Бугарија, K-Tex Association-Косово, Fashion Apparel Cluster Serbia (FACTS)-Србија, ТТЗ-Текстилен кластер-Македонија

Корист за учесниците на Проектот: Треба да придонесе кон соработка меѓу балканските асоцијации за секоја активност за која сметаат дека имаат корист од таквата соработка, а особено оние активности насочени кон обезбедување бенефиции за компаниите членки на здруженијата, и пронаоѓање на бизнис партнери од Југоисточна Европа и од земјите на ЕУ


ПРОЕКТ 8: "GIZ IEP - Промоција на инвестициите и извозот"

Информации за проектот: Проектот “Промоција на инвестициите и извозот“ се спреведува од страна на Германското друштво за интернационална соработка - ГИЗ во рамките на германско-македонската развојна соработка преку Сојузното министерство заекономска соработка и развој (БМЗ). Целокупниот термин на проектот е од март 2008 до декември 2012 година

Главна цел на Проектот: Подобрување на меѓународната конкурентност на македонските компании кои работат во текстилната индустрија, автомобилска и ИТ индустрија. Овие индустрии припаѓаат на стопански гранки со најголем потенцијал за генерирање на вработеност и зголемување на извозот и нови инвестиции

Учесници: Германското друштво за интернационална соработка - ГИЗ и Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер

Корист за учесниците на Проектот: Проектот тесно ги следи приоритетите нанационалните економски развојни политики, со цел да се обезбедат соодветни мерки за подобрување на конкурентната способност на македонските компании на глобалниот пазар


ПРОЕКТ 9: "Текс-Веб: Вмрежување и јакнење на капацитетите на здруженијата за текстил и конфекција во земјите од западниот Балкан"

Информации за проектот: Во проектот "Вмрежување и јакнење на капацитетите на здруженијата за текстил и конфекција во земјите од западниот Балкан" се вклучени партнери во целните земји и нивниот персонал, локални експерти/субјекти во избраните области и сродните социо-економските субјекти, како и локални компании за текстил и облека

http://www.tex-web.eu/

Главна цел на Проектот: Да се развијат силни партнерства помеѓу партнерите и со ЕУпартнерот, Европската конфедерација за облека и текстил (Euratex), и локалните власти, со цел да се подобри квалитетот на нивните услуги и нивната репрезентативност волокалните индустрии за текстил и облека

Учесници: Европската конфедерација за облека и текстил EURATEX и Текстилно трговско здружение - Текстилен кластер

Корист за учесниците на Проектот: Работодавачите и вработените од компаниитево секторите за текстил и облека во целните земји, членови и не-членови на граѓански организации, ќе имаат можност за зајакнување на капацитетите, подобрување на услугите и остварување на соработка.


ПРОЕКТ 10: "Пограничниот регион Бугарија-Македонија - добро место за производство на облека денес и утре"

Информации за проектот: Прекугранична соработка за подобрување на конкурентноста и размена на добри практики, eкономски развој и социјална кохезија

Главна цел на Проектот: Да се постигне одржлив економски развој во прекуграничниот регион, преку изградба на економскиот капацитети, размена на добри практики и искуство и економска синергија, за активно учество на заеднички пазар на ЕУ

Учесници: Професионалнa организација за текстил и облека Ќустендил, Бугарија и ТЕКСТИЛНА ТРГОВСКА АСОЦИЈАЦИЈА – ТЕКСТИЛЕН КЛАСТЕР

Корист за учесниците на Проектот: Зголемен капацитет на компаниите во врска со барањата и стандардите за системите за управување; Развиени одржливи партнерства за размена на добри практики и експертиза; поголеми знаења и информации во врска со системи за управување


ПРОЕКТ 11: Промоција на прекугранична бизнис соработка во секторот за облека и развој на структура за обезбедување на услуги, Македонија-Грција

Проектот се однесуваше на развој на прекуграничната бизнис соработка во секторот за облека, со цел зајакнување на соработката на текстилните компании во регионот, решавање на технички проблеми преку деловна соработка во текстилниот сектор, зголемувањето на нивото на регионалната економска интеграција во секторот, привлекување на соработка со трети земји, како и олеснување на увозот на нови технологии во компаниите во секторот во двата региони.


ПРОЕКТ 12ГИЗ Германија имплементиран од страна на Weis консултантска асоцијација, Германија

Проект за јавно приватно партнерство со цел квалификација и имплементација на нови методи на производство во македонската текстилна индустрија. Проектот вклучува активности за зајакнување на капацитетите во текстилниот сектор: подобрување на вештини, зголемување на продуктивност, развој на сопствен производ. Проектот има за цел да вклучи и професори од средните текстилни училишта со цел да се стекнат со повеќе практично искуство што ќе им го пренесат на учениците и исто така да имаат увид во потребите на индустријата за да можат да создадат соодветни програми за своите ученици.


ПРОЕКТ 13: SIPPO export promotion programme

СИППО програмата за промоција на извозот финансирана од Швајцарската влада преку Swiss Global Enterprise Switzerland, имаше за цел да го зајакне Текстилниот кластер во делот на промоција на текстилната индустија на странски пазари. Во таа насока беа реализирани повеќе активности, во кои влегуваат промоција на македонскиот текстилен  сектор преку промотивни штандови на саемите Premier Vision Manufacturign Paris и Fashion SVP London, на кои Текстилниот кастер учествуваше 9 пати. Исто така во склоп на СИППО проектот и во соработка со Агенцијата за странски инвестиии и промоција на извозот се организираа неколку Б2Б настани и тоа во: Бораш-Шведска, Копенхаген-Данска и Осло-Норвешка се со цел да се освојат и овие пазари каде што сме слабо присутни. Во склоп на проектот се изработи стратешки план, бизнис план и стратешки активности. Исто така се изработи и веб страната http://macedoniantextiles.mk, која претставува интернет онлајн база на компании од македонската текстилна индустрија. Оваа интернет база беше направена со цел на текстилните компании да им служи како алатка за промоција на македонската текстилна индустрија и да им помогне да ја подобрат својата глобална видливост, како и да го подобрат пристапот до нови купувачи и деловни партнери. Комплементарниот карактер на производите и услугите кои се нудат од страна на македонската текстилна индустрија, презентирани на оваа интернет онлајн база на компании, има за цел да го зголеми вниманието за производите и услугите на индивидуалните компании, како и да го подобри нивниот глобален имиџ.  

Целта на овој проект беше Текстилниот кластер за да ги подобри услугите за своите челнки во делот на нивна промоција и привлекување на странски купувачи.


ПРОЕКТ 14: “Ваша можност да најдете погоден производител во Македoнија’’ – Б2Б настан организиран во Копенхаген, Данска 29 Јануари 2014 во склоп на саемот ЦИФФ, Копенхаген

Информација за проектот: Во овој проект беа вклучени неколку странски организации како УСАИД – Америчка поддршка и СИППО – Швајцарска програма за промоција на извозот, како и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и 8 текстилни компании членки на Текстилниот кластер.

Главна цел на проектот: Промоција на можностите за производство на макеоднските текстилни производители пред потенцијалните купувачи од Скандинавскиот пазар, кој претставува  нов и недоволно освоен пазар за македонските производители на облека.

 Корист од проектот: Макеоднските текстилни компании кои учествуваа на Б2Б настанот реализираа средби со околу 15 потенцијални купувачи од Скандинавските земји кои најавија и потоа реализираа посета но производните капацитети на учесниците од Македонија, а некој од нив веќе отпочнаа и со изработка на пробни налози. Како резултат на позитивниот исход од овој преект, текстилниот кластер со истите партнери планира повторно да организира ваков настан во средината на 2014 година на две локации: повторно во склоп на СИФФ, Копенхаген саемот во Данска и за време на Модната недела во Берлин, Германија.


ПРОЕКТ 15: ГТЗРЕДЕМ – проект за маркетинг

 

Social Networks

Contact info

Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер

Димитрие Чуповски 13, кат 2, канцеларија 17, 1000 Скопје
Email: 
info@tta.org.mkttatextilecluster@gmail.com; nsivevska@tta.org.mk
Тел: + 389 23 244 093       

 

Copywrights

* tta.org.mk 
Трговско Текстилно Здружениe - Текстилен Кластер