Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер како водечки партнер во пограничниот проект ‘‘Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ‘‘ кој се реализира по програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија одржа промотивен настан - Промоција на "Стратегија за регионално позиционирање" изработена во склоп на проектот.


Настанот се одржа на 28 јуни 2017 година во хотел Оаза, Штип. Презентација на изработената Регионална стратегија направија експертите од компанијата УМФ Тренинг кои работеа на нејзиното креирање. На настанот имаше 18 учесници преставници на членките на Текстилните кластер од Македонија, како и проектниот тим одговорен за проектот.


Позиционата стратегија се состои од неколку делови:


• Моментална состојба во текстилните компании, ниво на квалитет, пазари на кои работат, моментални предности, ниво на опременост, ниво на плати, сертифицирање и сл.
• Ризици со кои текстилните компании се соочуваат за пристап на нови пазари, како на пр. недостаток на квалификувана работна сила , миграција на работна рака, недостаток на опрема и модернизација, недостаток на стимулација од Државата, недоволна продуктивност, лош имиџ на текстилот во јавноста и сл.
• Препораки за премостување на проблемите со кои се соочуваат текстилните компании со цел зголемување на нивната конкурентност на странските пазари, како на пр. обуки за подобрување на продуктивност, обуки за значење на сертифицирањето на компаниите за социјалните станарди, Б2Б средби, предлог политики до владините институции за барање поддршка и субвенции, активности за стимулација на младите за професионална ориентација и сл. 
• 5 годишна Стратегија за позиционирање - план на активности ставени во временска рамка, кои активности треба да се спроведат, која институција треба да ги спроведе, кој е рокот до кој треба да се спроведат и сл

Social Networks

Contact info

Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер

Димитрие Чуповски 13, кат 2, канцеларија 17, 1000 Скопје
Email: 
info@tta.org.mkttatextilecluster@gmail.com; nsivevska@tta.org.mk
Тел: + 389 23 244 093       

 

Copywrights

* tta.org.mk 
Трговско Текстилно Здружениe - Текстилен Кластер