2.  НАСТАН „ДИЗАЈН НА ОБЛЕКА, ИЗРАБОТУВАЊЕ НА шаблони И ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО“

2.  НАСТАН

„ДИЗАЈН НА ОБЛЕКА, ИЗРАБОТУВАЊЕ НА шаблони И ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО“

Беше одржан во Северна Македонија, Струмица, 3 – 4 мај 2023 година.

Втората обука  беше организирана од Текстилното Трговско Здружение Текстилен Кластер во рамките на проектот „Fashion Employment Hub“  на тема „Дизајн на облека, изработка на шаблони и подготовка и планирање на производството“. Настанот беше одржан  на 3 и 4 мај 2023 година, во Струмица, Северна Македонија. Обуката беше наменета за млади модни дизајнери и студенти. Целта на оваа дводневна обука беше младите кадри во текстилниот сектор да се доближат до концептите на подготовка на шаблони, моделирање во софтвер за 3D дизајн, како и запознавање со техничките аспекти на подготовка на производството (пресметка на време на производство, производствен капацитет). По завршувањето на обуката, младиот кадар ќе може да ги препознае фазите во креирањето на концептуална скица и шаблон на облеката и да ги пресмета параметрите потребни за техничката подготовка на изработката.