image image image image image
Information for Textile sector Textile industry in Macedonia is a sector with a long tradition and experience. About 600 companies with about 40,000 workers,
Прочитај повеќе
About TTA-TC
Textile Trade Association – Textile cluster is a nonprofit organization NGO that represent Macedonian companies involved in any way in the textile industry.
Прочитај повеќе
Contact
Textile Trade Association - Textile Cluster
E-mail: info@tta.org.mk Tel: ++ 389 23 244 093 Str. Dimitrie Cupovski no. 13, floor 2, office 17, 1000 Skopje, Мacedonia
Прочитај повеќе
Projects of Textile cluster Textile Trade Association – Textile cluster is involved in several cross border and European projects, which allows its exchange of experience with associations from the region and Europe. Прочитај повеќе
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржана работилница “Принципи на етичко работење и нивна стандардизација“ (09.12.2015 Скопје)

IMG_20151209_121749  IMG_20151209_132125

Текстилното Трговско Здружение - Текстилен Кластер на Македонија ја идентификува потребата кај текстилните компании за организирање на инфо настан на тема “Принципи на етичко работење и нивна стандардизација” како резултат на зголеменото барање на европските партнери за сертифицирање на производните капацитети. Со цел поблиско запознавање со социјалните барања, заштитата и сигурноста на вработените како и делот на етичките стандарди Текстилниот кластер со поддршка на Министерството за економија во склоп на програмата за кластерска поддршка одржа работилница на оваа тема. Работилницата ги опфати следните теми: Принципи на етичко работење; Што претставува SEDEX, важност и процес на ревизија согласно барањата на стандардот; Што претставува BSCI, важност и процес на ревизија согласно барањата на стандардот; а беа пренесени и искуства од страна на компаниите кои веќе го имаат поминато процесот на сертифицирање.

Читај повеќе..

Конференција ДЕНОВИ НА КЛАСТЕРИ Брашов, Романија (22 и 23 октомври 2015)

12235603_1034968303201383_2028459774_o    10984241_1672209423062820_7656205139549141646_n

Мисијата на овогодинешната Конференција ДЕНОВИ НА КЛАСТЕРИ што се одржа на 22 и 23 октомври во Брашов, Романија беше зајакнување на синергијата на Балканот и во регионот на Црното море преку јавно-приватен дијалог и споделување на регионални кластерски најдобри практики, вмрежување и трансфер на know-how.

Конференцијата придонесе за:

• Кластерски економски развој на Балканскиот регион и регионот на Црното Море
• Јавно-приватен дијалог за создавање подобра бизнис клима, поттикнување на иновации, конкурентност и развој на кластерите во регионот
• Подобро разбирање и соработка помеѓу академските, институциите за истражување и развој и бизнис заедницата во регионот BBS
• Погранично поврзување и промоција на кластерските организации и кластерски иницијативи во регионот

Меѓу другите говорници од различни земји, вклучувајќи 3 од Македонија, извршниот директор на ТТЗ-Текстилен кластер од Македонија го презентираше

Читај повеќе..



Форум и Модна ревија во организација на ТТЗ-Текстилен кластер, 28.11.2015, Безистен Штип

12274194_1444505772229764_8834237016939263647_n   IMG_20151128_132743

Во одлична атмосфера и со над 120 гости, на 28 ноември 2015 година, во саботата вечерта во галеријата Безистен во Штип се одржа Модна ревија, на која посетителите можеа да уживаат во стотина модни парчиња облека од колекциите на компаниите: АСТИБО ФЕШН ГРУП, АМОР-КОМПАНИ, КУЛИ и ЛАРС од Македонија и ВИТАЛ, ПИРОС, НОВ СВЕТ, МАРТЕКС И СИЛВЕР ДЕЈ од Бугарија.
 
Модниот настан беше организиран од страна на Текстилниот кластер како завршна активност на пограничниот проект „Јакнење на капацитетите на текстилната индустрија во пограничниот регион преку учење на добри практики и имплементација на промотивни активности“, што се реализира во партнерство со Браншовата организација за текстил и облека од Ќустендил, Бугарија.

Настанот кој според добиените позитивни критики, долго ќе се памети, Текстилниот кластер го реализираше во соработка со професионалните Fashion Weekend Skopje и со логистичка поддршка од Општина Штип. За фризурата и шминката на моделите се погрижи салонот за убавина Силуете, Штип а за зголемување на расположението на гостите се погрижи винаријата Тиквеш.

На ревиите, во текот на денот, им претходеше и Форум во Штип, на кој

Читај повеќе..

Дводневен форум во склоп на проектот БГ-МК во Ќустендил (14-15 ноември 2015)

2    1

На 14 - 15 ноември 2015 во Ќустендил се одржа дводневен форум организиран од страна на Здружението Браншова организация за текстил и облекло - Ќустендил. Здружението е партнер во проектот ‘‘Јакнење на капацитетите на текстилната индустрија во пограничниот регион преку учење на добри практики и имплементација на промотивни активности‘‘, финансиран со поддршка на ЕУ, преку програмата за погранична соработка помеѓу Бугарија – Македонија, во партнерство со Текстилно Трговско Здужение - Текстилен кластер - Штип, Македонија. На настанот присуствуваа претставници на компании, институции и експерти од Бугарија и Македонија, кои се релевантни за развојот на текстилната индустрија меѓу кои и претставници на Царинската управа на РМ, г-ѓа Соња Филевска, самостоен советник за царински постапки и г-ѓа Мелинда Лазарова, шеф на служба за надзор на иматели на одобренија.

Настанот го отвори извршниот директор на Браншова организация за текстил и облекло Јордан Беловодски и потоа даде збор на Заменик областен управител на областа Ќустендил, Силвија Велков. Таа во својство на претставник на државната власт им укажа на присутните дека како Регионална администрација користејќи ги сите расположливи ресурси како институција не само што ќе ја следи, туку и ќе ги помага општите цели на програмата за погранична соработка. Официјални гости на средбата беа исто така и заменик градоначалникот на Општина Ќустендил Светослав Василев, предавачот проф. д-р Бојан Дуранкев - Декан на Катедрата "Маркетинг" на УНСС и началникотот на Царинска управа - Ќустендил Костадин Шумантов.

Читај повеќе..

Страница 1 од 20

Почеток
Пред
1

Baner_BG-MK_proekt    

tta 

        

Vodic

logo_economy

logo

TEXWEB

logo_NECC-01

         TMF_Logo

Visitors

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter

We have: 6 guests, 4 bots online
Today: Јул 25, 2016

Социјални мрежи

facebook twitter linkedin myspace google

Контакт Инфо

Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер

Димитрие Чуповски 13, кат 2, канцеларија 17, 1000 Скопје
Email:
info@tta.org.mk; ttatextilecluster@gmail.com; nsivevska@tta.org.mk
Тел: + 389 23 244 093      


Заштитени права *

* tta.org.mk
* Трговско Текстилно Здружениe - Текстилен Кластер


Popup Module ABC

This is the Popup Module feature. Assign any module to the popup module position, and ensure that the Popup Feature is enabled in the Gantry Administrator.

You can configure its height and width from the Gantry Administrator.

More Information